ДУИ: Итна институционална реакција против урбаниот хаос во Чаир, државата не смее да молчи пред овој градежен криминал
„Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост за алармантната ситуација што се одвива во Општина Чаир, каде според Градот Скопје, само во последните две години се изградени над 150 бесправни објекти, претворајќи една од најгусто населените урбани зони во Европа во неподносливо и опасно место за живеење на над 62 илјади граѓани“,