Мечка изеде домашно животно во тетовско
Од Центарот за управување со кризи информираа за инцидент со мечка во тетовското село Селце. - Пријавен е инцидент во кој мечка нападнала две домашни животни. Едното било изедено, а другото повредено. Настанот го пријавило лице кое пристигнало на местото и го затекнало инцидентот, известија од ЦУК. СВР Тетово изврши увид на терен и состави записник