Малолетник од Кочани споделувал експлицитни видеа од малолетно девојче
Од МВР информираат дека во Полициската станица Кочани, 43-годишна жена пријавила дека на 08.05.2025 малолетник од Кочани споделувал на социјална мрежа и други апликации видео записи со експлицитна содржина од нејзината малолетна ќерка. Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.