Димитар Митровски потпиша договор со Олимпија од Љубљана во историски трансфер за словенечката прва лига.
Македонскиот репрезентативец Димитар Митровски стана нов член на словенечкиот шампион Олимпија Љубљана. По извонредната сезона во дресот на Вараждин, каде што се истакна како еден од највпечатливите играчи во ХНЛ, 26-годишниот офанзивец направи значаен чекор напред во својата кариера. Утрово, Митровски официјално го потпиша договорот со Олимпија, клуб