Пик Сегед го декласираше ПСЖ за четвртфинале во ракометната ЛШ
Во реванш натпреварот од плеј-офот во ЕХФ Лигата на шампионите ракометарите на Пик Сегед во Париз убедливо со 35:25 го совладаа ПСЖ. Иако францускиот тим по првите 60 минути имаше минимална позитива од 31:30 остварена во Унгарија, играчите на Пик Сегед се надминаа себеси и обезбедија пласман во четвртфиналната фаза. Седум погодоци беа дело на Шоштариќ