Конечно: РК Алкалоид службено го доби натпреварот со АЕК и го освои Европскиот Куп!
Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска и официјално ја донесе официјалната одлука кога е во прашање неодиграното финале од Европскиот куп на ЕХФ. Македонскиот тим Алкалоид го доби со службени 10-0 реванш натпреварот кој не се одигра во Скопје, поради одлуката на грчки АЕК да не излезе на терен, и со две победи, и по онаа во Атина, го освои трофејот