Биди дел од најголемиот спортски настан во Македонија – Волонтирај на ЕМОФ Скопје 2025!
Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025, кој ќе се одржи од 20 до 26 јули во Скопје и Куманово, претставува уникатна можност за сите ентузијасти да станат дел од најзначајниот спортски настан во историјата на Македонија. Фестивалот не претставува само спортски настан од европски ранг, туку и симбол на заедништво, младешка енергија