Средоземното Море како термална бања: температурата достигна историски рекорд од 28,54 степени
Средоземното Море на 13 август достигна просечна температура на површината од 28,54 степени Целзиусови, највисока вредност откако постојат споредливи податоци, односно од 1940 година. Рекордното лето носи последици и за крајбрежните подрачја и морските екосистеми. Температурата на површинските води низ Средоземното Море на 13 август достигна просек




















