„Бебе“, нова песна на Калиопи пред концертот во Скопје
„Бебе“ е новиот сингл на Калиопи, кој е промовиран заедно со видеоспот. Музиката, аранжманот и продукцијата се на нејзиниот долгогодишен соработник Ромео Грил, а текстот го напиша Калиопи. Новата песна е достапна на дигиталните музички платформи. Спотот за „Бебе“ е во режија на Александар Ристовски-Принц, а објавен е и на официјалниот канал на Калиопи




















