Алкотест
Цветко го сопира полиција и му вика: – Господине, ќе мора да правиме алкотест. Цветко возбудено му враќа: – Па тоа бе, каков алкохол ќе тестираме?
Цветко го сопира полиција и му вика: – Господине, ќе мора да правиме алкотест. Цветко возбудено му враќа: – Па тоа бе, каков алкохол ќе тестираме?
Трпе ги собрал жена му, комшивката и швалерката и им вика: – Жени, криза е, ќе има отпуштања!
Влегува полицаец во библиотека и библиотекарката му вика: – Почна да врне, а?
– Трпе, што ќе ми подариш за 8-март? – Ништо. – Можеш барем да ми кажеш дека сум убава… – Е тоа за 1-ви април Трпано!
Трпе им се фали на пријателите: – Трпана беше цел месец на диета. – Супер! И каков е резултатот? – 90-60-90! – Ама како – упорност, среќа, случајност ли е? – Не, не… – пред, за време и после диетата…
– Трпано, дојди тука да те прашам нешто. – Кажи Трпе? – Кога комшијата си купи нова кола, ти ме натера и ние да си купиме. Кога комшијата си зеде поголем телевизор, ти ме натера и ние да си купиме. Кажи ми сега што да правиме? – Зошто? Што направи пак сега тој? – Е па си зел нова жена…
Во македонска болница има две дијагнози: – Ништо не ти е! – Што си чекал до сеа?
Трпана оди кај Трпе кој се наоѓа во затвор. Потоа оди кај началникот: – Дали може на маж ми да му најдете некоја полесна работа? – Госпоѓо, од лепење на марки на писмата нема полесно… – Чудно, мене ми се пожали дека копа подземен тунел…