Здрави бомбици со лешници и урми
Чоколадни топчиња со суво овошје и ореви. Состојки: 200 гр печени лешници 200 гр урми 100 гр суво грозје 100 гр брусница чоколадо за глазура Подготовка: Измешајте ги сите состојки во блендер. Направете топчиња од добиената мешавина, и натопете до половина во растопено чоколадо. По желба топчињата превртете ги во сечкани лешници. Пријатно!