Видео | „Не ми е срам“, деби сингл на Неда Димкова
„Не ми е срам“ e деби-синглот на младата и исклучително талентирана 19-годишна вокалистка, Неда Димкова. Неда е студентка во прва година на Факултетот за музичка уметност на отсекот за соло пеење, а оваа песна е нејзиниот прв, моќен чекор на македонската музичка сцена. Музичкото парче е дело на Александар Масевски, кој се потпишува како комплетен автор









