ЛАДНИОТ БРАН ОД РЕГИОНОТ СЕ СПУШТА КОН МАКЕДОНИЈА: Температурите паѓаат за повеќе од 15 степени
Студен бран од север ќе донесе нагло заладување во Македонија денес, најавува метеорологот Славчо Попоски во објава на Фејсбук. Според неговата прогноза, температурите во однос на вчера ќе се намалат за 10 до 15 степени, а локално и повеќе. Во западните предели се очекуваат поројни врнежи, додека на високите планини можно е слабо провејување снег.









