Фајнанс тинк: Буџетот и понатаму останува заробен во социјалните потреби на економијата, растот на приходите амбициозен, а капиталните расходи преоптимистички
Предлог-буџетот се донесува во услови на благо интензивирана динамика на економската активност, но и во економија која сè уште функционира под својата потенцијална стапка на раст, како и во услови на смирувачка инфлација која сè уште е над нивото кое централните банки го поистоветуваат со стабилни цени, оценуваат од Институтот за економски истражувања