ВМРО-ДПМНЕ тврди дека „крпи дупки“ со ребалансот на буџетот, според СДСМ власта не знае што прави
На собраниската Комисија за финансирање и буџет едните велеа дека ребалансот е спас на земјата од банкрот, почеток кој најавува жестока инвестициска офанзива и борба против криминалот и корупцијата, а другите, пак, рекоа дека е показател оти Владата е во тотален хаос, без визија и капацитет да спроведе реформи и да ги реализира ветувањата Ребалансот