Преку шеесет македонски производи ќе се извезуваат во САД по тарифи од 0 до 6,5 проценти
Преку шеесет производи кои за Македонија се стратешки, во Соединетите Американски Држави ќе бидат извезувани со едноцифрена тарифа од нула до шест и пол проценти, најави вчера премиерот Христијан Мицкоски. Тој рече дека тоа ќе биде потврдено со заедничка изјава. – Очекувам околу 63 или 64 производи, кои се за нас стратешки, да бидат со поволна тарифа,









