„Набуко“ од Џузепе Верди – моќна музика и вечна приказна за слободата на 30 октомври
На 30 октомври, со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Набуко“ од Џузепе Верди , едно од најпознатите и најзначајните дела во оперската уметност. Со моќна музика, драматичен заплет и силни вокални интерпретации, оваа опера ја раскажува судбината на еврејскиот народ и неговиот копнеж по слобода и татковина,









