Воздушна тревога во Балтикот: Литванија повика на засолнување, НАТО крена борбени авиони, Полска истражува можен упад на дрон
Литванските власти утрово ги повикаа жителите на централните и северните делови на земјата да побараат засолниште поради можна закана од неидентификуван летечки објект. Во реакција на инцидентот, борбени авиони на НАТО беа подигнати во воздух, а аеродромот во Каунас, вториот по големина град во земјата, го прекина воздушниот сообраќај околу еден час









