Собрана поезија од Игор Исаковски ќе биде промовирана на 19 септември
Утре (19 септември) од 20 часот, во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје ќе биде претставена книга со собрана поезија од поетот Игор Исаковски (1970-2014), на 55-годишнината од неговото раѓање. Издавач на книгата насловена „Совршен поет“ е „Или-Или“ и на 700 страници е собрана поезијата на еден од најзачајните и најпознати современи македонски поети