Македонија ЃП и Тиквеш во битка за опстанок
Македонија ЃП и Тиквеш денеска (14 часот) на стадионот во Ѓорче Петров ќе го одиграат последниот натпревар од 19-тото коло во Првата фудбалска лига. Ова е еден од директните дуели за опстанок, со оглед дека и двете екипи се во опасната зона. Ѓорчепетровци немаат друг избор освен да атакуваат на три бода, а и Тиквеш ќе се обиде да стигне до позитивен

