Се урна хеликоптер на Килиманџаро, загинаа пет лица, меѓу нив двајца Чеси
Хеликоптер се урна на планината Килиманџаро во Танзанија, при што загинаа пет лица , соопшти денес цивилната воздухопловна управа, додека локалните медиуми објавија дека леталото било на мисија за медицинско спасување. Водич и лекар, двајцата од Танзанија, пилот од Зимбабве и двајца туристи од Чешка загинаа, соопштија Националните паркови на Танзанија








