Од 0 до 50% за помалку од 10 минути: Тајната зад брзото полнење на кинеските телефони
Разликата во брзината на полнење меѓу дел од кинеските Android телефони и моделите на Apple, Samsung и Google одамна е забележлива. Додека некои кинески производители нудат полнење од 100W и повеќе, нивните западни и јужнокорејски конкуренти најчесто применуваат поконзервативни решенија. Но, причината не е едноставно во тоа кој ќе стави помоќен полнач


