Рено и Џили ќе продаваат генератор на бензин за вградување во електрични автомобили
Рено и кинескиот Џили го започнаа заедничкиот бизнис под името Хорс, со намера да ги снабдуваат производителите на автомобили со мотори, по истиот принцип по којшто добавувачите испорачуваат стакла, седишта, издувни системи, катализатори – со големата разлика што тука се нарачува цел мотор. Или барем генератор што работи на бензин и помага кај електричните