Без вода дел од Аеродром кај „Раде Кончар“
Без вода денеска од 12:30 часот се дел од корисниците од Американ Колеџ, Тинекс Маркетот и „Раде Кончар“ во општина Аеродром. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради промена на шибер ф 80 мм на булевар „3-та Македонска Бригада“ бб. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на интервенцијата.