Успешно заврши јубилејното 5. издание на ракометниот камп „40х20“ – повеќе од 120 учесници испратија уште една незаборавна ракометна приказна од Охрид
Со многу насмевки, нови пријателства, стекнати знаења и безброј убави спомени, успешно заврши јубилејното, петто издание на ракометниот камп „40х20“, кое седум дена се одржуваше во Охрид. Повеќе од 120 учесници од Македонија, Шведска, Германија, Швајцарија и Србија беа дел од уште едно незаборавно спортско искуство, исполнето со тренинзи, натпревари,

