Реал го објави и третото засилување од Премиер лигата
Откако левиот бек Марк Кукурела дојде од Челзи, а средниот играч Бернардо Силва од Манчестер Сити, Реал Мадрид денес го објави третото големо засилување од Премиер лигата. Потпиша стоперот Ибрахима Конате, кој пристигна како слободен играч од Ливерпул. Клубот објави само дека договорот на францускиот репрезентативец е важечки до летото 2030 година








