Владата можеше да ограничи, но реши да ги моли олигарсите кои ја спонзорираат
Ценовниот удар што почна со горивата веќе не е само енергетска приказна, туку тест за тоа дали Владата навистина владее или само посредува меѓу граѓаните и големите трговци. Наместо брза интервенција со мерки што државата веќе ги има користено, премиерот Христијан Мицкоски избра да најави средба со синџирите маркети и од нив да „бара“ да не ги зголемуваат
Премиерот ќе „бара“, а може веднаш да забрани покачување на цените
Во момент кога дизелот веќе го оттурна ценовниот шок од бензинските кон маркетите, премиерот Христијан Мицкоски најави дека утре ќе има средба со сопствениците на синџирите супермаркети и дека од нив ќе побара да не ги зголемуваат цените. Според неговата изјава, Владата очекува „фер однос“ од трговците за притисокот да не се префрли веднаш врз потрошувачката



