Перински: Воспоставена база на експерти за стручна поддршка на општините, повикот повторно отворен за аплицирање
Министерството за локална самоуправа, преку Ресурсниот центар за поддршка на развојот на општините, по првиот пресек на пристигнатите апликации, ја формира првичната база од 170 експерти и практичари, со што се поставува силна основа за навремена, стручна и таргетирана поддршка на општините во решавање на конкретни локални предизвици - истакна министерот








