Автогол од половина терен - редок „кикс“ во Лига Европа
Автогол кој ретко се гледа беше постигнат на мечот меѓу Порто и Нотингем Форест кој заврши нерешено, 1-1. Порто поведе со гол на Вилијам Гомез во 11. минута, но само две минути подоцна се случи „кикс“. Фернандеш сакајќи да ја врати топката до својот голман, ја затресе сопствената мрежа за 1-1, што на крајот се покажа и како конечен резултат.


