Шалтерите на „Водовод“ утре ќе работат само прва смена, понеделник е неработен
ЈП Водовод и канализација – Скопје, ги известува корисниците на услугите, дека утре, петок, шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на претпријатието ќе работат само прва смена од 07:30 до 15:30 часот. Во сабота шалтерите ќе работат од 09:00 до 14:00 часот, а понеделник е неработен ден. Со редовно работно време ќе се продолжи од 14.04.2026





