Промоција на новиот готвач на Dave’s Kitchen „Брзо и забавно готвење“ во Веро Џамбо – трета книга со рецепти на Давор Панчевски
Во Веро Џамбо, на 10 мај во сабота, со почеток во 12 часот, ќе се одржи промоцијата на новата кулинарска книга на Давор Панчевски, кај нас познат како Dave’s Kitchen. Станува збор за неговиот трет готвач, „Брзо и забавно готвење“, издаден на македонски и англиски јазик, во две посебни изданија. Оваа книга е посветена на сите љубители на готвењето кои