Кина ја тужи американската сојузна држава Мисури: бара 48 милијарди евра поради тврдења поврзани со коронавирусот
Во суд во Вухан започнаа рочишта по тужба за клевета, поднесена од кинески власти и научни институции против американската сојузна држава Мисури. Тужените – меѓу кои се неколкумина сегашни и поранешни јавни обвинители на оваа сојузна држава – се обвинети за измислување и ширење лажни информации во врска со пандемијата на коронавирусот, пренесува Ројтерс



