Активни пожари кај Македонски Брод и над селото Моране
Во изминатото деноноќие регистрирани се вкупно 24 пожари на отворен простор, од кои активни се два, под контрола се два, а 20 пожари се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општина Македонски Брод во близина на с. Драгов Дол каде што гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки, и над село Моране во Општина










