Поскапува лебот
Во дел од пекарниците низ Македонија се најавува ново зголемување на цената на лебот. Според информациите, белиот леб од 450 грама, кој досега се продаваше за околу 35 денари, во наредниот период може да достигне цена од 40 денари. Пекари од повеќе градови – меѓу кои Штип, Кочани, Прилеп и Битола – најавуваат корекција на цените, додека граѓаните веќе





