Продолжува судскиот процес за пожарот во „Пулс“ со сослушување на нови сведоци
Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани продолжува денеска во судницата во затворот „Идризово“, каде што се очекува да сведочат лица предложени од Јавното обвинителство. Овој предмет се однесува на катастрофата во која животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. На изминатото рочиште пред судот искази дадоа










