Манчестер сити загуби од Њукасл за втор пораз во последните четири натпревари
Манчестер сити вечерва загуби со 2:1 на гостински терен од Њукасл во 12.коло на Англиското фудбалско првенство. Харви Барнс постигна два гола за домаќините. Англичанецот постигна гол во 63. и 70. минута. Рубен Дијас го постигна единствениот гол за Сити во 68. минута. За „Граѓаните“ ова е втор пораз на последните четири натпревари во Премиер лигата







