Во последната четвртина, Јокиќ и Мареј не можеа ни базен да погодат
Кошаркарите на Денвер пропуштија златна шанса да поведат со 2:0 во серијата против Минесота, бидејќи при поразот од 119:114 водеа и со 19 поени разлика. Како успеа Нагетс да го стори тоа е тешко да се објасни, а главни виновници за неуспехот беа неговите главни играчи, Никола Јокиќ и Џамал Мареј, кои во одлучувачките моменти не може ни базен да погодат










