Ѓоргиев: Покажавме дека можеме да се надигруваме со силни противници
Македонската ракометна репрезентација со победа, реми и пораз го завршува деветото Европско првенство. На последниот меч од групната фаза нашите ракометари по голема драма ја победија Романија и со тоа освоија три бода, за трето место во групата. Од шампионат во шампионат, напредокот е видлив. Синоќа среќата беше сојзник на Македонија, па сосема заслужено

