Охрид со убедлива победа ја стартуваше одбраната на титулата во ЕХФ Европскиот куп
Ракометарите на Охрид се на чекор до пласман во следната рунда од ЕХФ Европскиот куп, откако го совладаа турскиот Спор Тото со убедливи 36-24 во првиот натпревар во „Билјанини извори“. Турскиот состав парираше само во воведните минути, кога резултатот беше 4-4. Потоа Охрид ја презеде иницијативата, ја зацврсти одбраната и почна да ја зголемува предноста,



