Лишени од слобода четири возачи, возеле под дејство на алкохол, а двајца од нив предизвикале и сообраќајни незгоди
На 20.01.2026 во 00:40 часот на ул. „Орце Николов“ во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода А.Ј.(38) од Свети Николе. Претходно, тој со патничко возило „тојота“ со светиниколски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во две паркирани возила и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол,










