Дербито мина без инциденти, но искршени столчиња ја расипаа сликата во Битола
Пелистер славеше на дербито против ГРК Охрид со 27-24 во натпревар од 12. коло во Суперлигата. Победникот на оваа средба беше решен во последните две минути. Салата „Боро Чурлевски“ беше исполнета до последното место, а на трибините имаше и гостински навивачи. Околу 250 фанови на ГРК Охрид беа најавени за оваа средба. Иако дербито мина во одлична атмосфера







