ФФМ одржа состанок со клубовите од Прва лига за имплементација на ВАР системот
Проектниот тим во Фудбалската федерација на Македонија за имплементација на ВАР систем во Прва МФЛ одржа работен состанок со претставници од клубовите назначени како ВАР референтни лица. На состанокот беше презентирана целокупната процедура за имплементација на ВАР системот, како и обврските кои ги преземаат клубовите за успешно интегрирање на технологијата