Стариот свет е минато, започна нова ера во геополитиката, кажа Рубио пред Минхенската конференција
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека трансатлантските односи се соочуваат со дефинирачки момент и влегуваат во нова ера, во пресрет на неговиот говор на тридневната Минхенска безбедносна конференција, која почна денеска. На истиот собир пред една година, американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс жестоко ги нападна европските сојузници









