Обвинителството тврди: ДНК доказите клучни во обвинението против апелациониот судија Ристов за заѕиданите 350.000 евра
ДНК трагите пронајдени на материјалите со кои биле обвиткани скриените пари се еден од клучните докази врз кој Обвинителството го темели обвинението против апелациониот судија Ѓоко Ристов. Според Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, биолошките вештачења недвосмислено покажале дека токму Ристов ги манипулирал и криел










