Напаѓачот кај Париз пукал и кон детско игралиште, Макрон го нарече нападот расистички тероризам
Во пукањето во Трап и Ла Вериер убиен е еден маж, а пет лица се повредени. Осомничениот пукал од автомобил на три локации, а полицијата го уапсила во блискиот Коањер. Француското Национално антитерористичко обвинителство води истрага поради можен терористички и расистички мотив. Меѓу повредените има и 12-годишно девојче Пукањето се случило утрово.








