Активни се три пожари во државата, оној кај Николиќ е ставен под контрола
Активни се три пожари во државата, соопшти Надица Вчкова од Главниот штаб за управување со кризи. Во моментов се уште е активен пожарот во Велес кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци каде гори мешана шума. Активен пожар има и во Македонски Брод, помеѓу с. Црешнево, с. Локвица, с. Крапа, таму гори деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација