ЕКСПЕРТСКА ДЕБАТА ЗА ПРЕДЛОЖЕНИОТ КРИВИЧЕН ЗАКОНИК: Новата казнена правда не може да дозволи од 836 пријавени лица за службена злоупотреба да се осудат само 64
Најголем предизвик за новиот Кривичен законик и за неговото спроведување ќе бидат кривичните дела од областа на економскиот криминал и злоупотребите на службената должност и овластувања, беше предупредено на денешната експертска јавна расправа по предложеното законско решение, која се одржа во просториите на МАНУ. Академик Владо Камбовски, кој беше








