Танкер погоден со „непознат проектил“ во Ормутскиот Теснец кај брегот на Оман
Танкер бил погоден со „непознат проектил“ во Ормутскиот Теснец, во близина на брегот на Оман, соопшти Агенцијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (UKMTO). Според информациите на агенцијата, при инцидентот била оштетена машинската просторија на бродот, но нема повредени лица, ниту е регистрирано загадување на морето. Нападот се









