Кузманоски: Ова е златна генерација!
Синоќа во СЦ „Јане Сандански“ беше испишана историја. За првпат една селекција во екипен спорт успеа да освои златен медал на светско ниво. Нашите кадети се победници на Светското училишно првенство во ракомет, одиграа одличен шампионат и со шест победи во исто толку одиграни натпревари се искачија на тронот. Селекторот, Горан Кузманоски и неговите

