„Шумите не се само наши“: Ѕирнете во светот на рисицата Зора
Во пријатна атмосфера во КСП Центар – Јадро беше отворена изложбата „ ЗОРА – Нејзината заборавена шума“ на визуелната уметница Драгослава Ѓуриќ, инспирирана од континуираната работа на Македонското еколошко друштво (МЕД) за зачувување на балканскиот рис. Токму затоа, лицето на изложбата е младата балканска рисица Зора, како дел од кревката популација









